About this App
Client application for restaurant operations
Клиентска апликација за системот за ресторантско работење е-Бар (my.e-bar.mk). Може да се користи како главен терминал за продажно место, примање нарачки во кујна/шанк и како клиент за келнери и менаџмент (помошни уреди). Овозможено е синхронизирање во реално време со сервер како и со сите други уреди приклучени во мрежа, без да е неопходен интернет пристап, исто така непречено функционира во моменти кога нема никакво мрежно поврзување (до 7 дена за главен терминал, до крајот на работниот ден за помошни уреди). Пристап до параметрирањата како: суровини, продукти, нормативи, менија, вработени, магацини, продажни места, распоред на маси, итн.
Функционалности при водење нарачки (терминал за продажно место, помошен терминал/клиент за келнер и менаџмент):
- Преглед на сметки по маси и специјални категории (за носење, персонал, резервации), со информации за келнери, вк. износ, време..
- Правење нова нарачка во постоечка сметка или со креирање на нова сметка
- Избирање на опции за продукти, нагодување на постоечку норматив по желба на корисникот, додавање додадотоци на конкретна нарачка, како и ставање на коментар.
- Поставување на комитент/корисник и попуст на сметка, и избирање тип на нарачка.
- Повеќе сметки на една маса.
- Резервации со нарачки и нивно автоматско активирање во дадено време.
- Делење на сметка, префрлање сметка на друг келнер, префрлање сметка на друга маса, спојување на две или повеќе сметки.
- Дел за водење на нарачки за персонал
- Преглед на сите издадени сметки и опција за сторнирање
- Раздолжување на келнери.
Функционалности при примање на нарачки во кујна/шанк:
- Преглед на нарачки според време и состојба: сите, сите не завршени, последни 30 мин
- Прифаќање и одбивање (со внесување на коментар) на нарачка/и
При користење како главен терминал за продажно место, апликацијата може да се користи од страна на било кој вработен, при што корисничкиот интерфејс автоматски се адаптира врз основа на дозволите на најавениот корисник. Во овој режим, овозможени се следниве функционалности:
- Поврзување со фискален уред (USB, RS232, wifi/ethernet, bluetooth). Подржани уреди: Акцент FP550/FP700, Давид ФП/FX1200/FX1300.
- Работа со фискален: внес/изнес на пари, контролен извештај, дневно затворање, подесување време, подесување даночни групи (авто.)
- Поврзување со термички печатач (USB, RS232, wifi/ethernet, bluetooth) и подесвање на параметри за маркери. Подржани се сите уреди кои подржуваат стандарден ESC/POS протокол.
- Автоматско откривање на проблеми при поврзување на фискален и термички печатач.
- Најава на вработени со едиствена шифра.
- Поврзување на RFID читач за најава на вработени.
Кога апликацијата се користи како помошен терминал за продажно место или клиент за келнер/менаџмент, ги овозможува истите функционалности како и главниот терминал, освен работење со фискален уред, тоа единствено е овозможено на уредот на кој е поврзан тој фискален уред. Печатењето на фискални сметки се извршува автоматски преку главниот терминал веднаш по затворањето на сметката со нарачки, без разлика од кој уред е направено тоа.
За да пристапите во апликацијата, потребно е да креирате сметка на https://my.eBar.mk и да креирате ресторан, или некој да ве додаде како вработен. Сите останати функционалности како материјална и финансова евиденција, извештаи, детални подесувања итн. се овозможено преку web.